Руски капитал влезе во Бунарџик

Bez autora
Aug 19 2011

Досегашните станари во слободната економска зона Бунарџик, американските „Џонсон контролс“ и „Кемет“, британскиот „Џонсон Мети“ и италијанскиот „Технокозе“, добија руски сосед. Наскоро во зоната ќе никне фабрика на компанијата „Продис“, дел од руската фармацевтска групација „Протек“, за чиј објект вчера свечено беше поставен камен-темелник. Во фабриката ќе се произведуваат природни и здрави производи. Вкупната инвестиција изнесува 5 милиони евра и во 2015 година, кога целосно ќе биде реализирана, ќе обезбеди вработување на околу 300 лица. „Продис“ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од жита, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали - изјави на свеченоста во Бунарџик сопственикот на „Протек груп“, Вадим Сергеевич Јакунин. Тој додаде дека фабриката своите производи ќе ги извезува во Руската Федерација, како и во земјите од поранешна Југославија и некогашен СССР, но и во прекуокеанските држави...

Руски капитал влезе во БунарџикДосегашните станари во слободната економска зона Бунарџик, американските „Џонсон контролс“ и „Кемет“, британскиот „Џонсон Мети“ и италијанскиот „Технокозе“, добија руски сосед. Наскоро во зоната ќе никне фабрика на компанијата „Продис“, дел од руската фармацевтска групација „Протек“, за чиј објект вчера свечено беше поставен камен-темелник.

Во фабриката ќе се произведуваат природни и здрави производи. Вкупната инвестиција изнесува 5 милиони евра и во 2015 година, кога целосно ќе биде реализирана, ќе обезбеди вработување на околу 300 лица. 

- „Продис“ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од жита, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали - изјави на свеченоста во Бунарџик сопственикот на „Протек груп“, Вадим Сергеевич Јакунин. Тој додаде дека фабриката своите производи ќе ги извезува во Руската Федерација, како и во земјите од поранешна Југославија и некогашен СССР, но и во прекуокеанските држави. 

Објектот ќе се гради во две фази. Првата фаза треба да се реализира во наредните две години, при што ќе се изгради производствен капацитет на површина од 4.000 квадратни метри во кој ќе се вработат 130 лица. Втората фаза се предвидува да заврши до 2015 година, кога производствениот објект ќе се догради за дополнителни 3.500 квадратни метри и во него вработување ќе обезбедат уште 130 лица. 

Од владината делегација која присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција, оценија дека изградбата на фармацевтската фабрика ќе има и дополнителни ефекти, како што се индиректните вработувања, бидејќи компанијата планира, освен сопствени плантажи за разни билки, да склучи и договори за гарантиран откуп и со многу индивидуални производители. 

- Бунарџик пред пет години беше ливада, а денес прераснува во вистинска индустриска база во која, покрај компонентите за автомобилската индустрија, место најде и фармацевтската - истакна премиерот Никола Груевски. Тој очекува дека оваа прва руска инвестиција во економската зона ќе го отвори патот и за други компании од Русија, како и од други сектори, покрај оние во енергетиката и во рударството кои се веќе присутни во Македонија. 

- Токму од нашата земја „Протек“ преку овдешната компанија „Продис“ ќе ги пробива своите производи во Југоисточна Европа, Русија и во прекуокеанските пазари во САД и Австралија - рече премиерот Груевски. Тој најави дека, освен во Бунарџик, нови странски инвестиции се очекуваат и во економските зони во Штип и во Тетово. Во штипската зона две големи компании се пред одлука за инвестирање, рече Груевски. 

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, инвестицијата ќе придонесе да се ублажи проблемот со невработеноста, како и да се намали технолошкиот јаз меѓу домашните и странските компании. 
- Значајно е што 95 отсто од производите на „Продис“ ќе бидат наменети за извоз, при што ќе се користат македонски суровини и домашна работна рака - оцени Ставрески. 

Претходно, договорите со кои почнува реализацијата на инвестицијата, вчера беа потпишани од директорот на „Продис ДОО“, Коста Димов и од првите луѓе на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ „Скопје 1 - Бунарџик“, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега, во присуство на премиерот Груевски и високи претставници на руската групација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik